Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Документарец за кошмарот со демначот на Фабио Кваљарела

Документарец за кошмарот со демначот на Фабио Кваљарела
Img 7972

Фудбалерот на Сампдорија, Фабио Кваљарела заедно со неговите соиграчи присуствуваше на премиерата на новиот документарен филм „Неискажаната вистина“, во која се раскажува за неговиот неверојатен случај со демначот.

Италијанскиот репрезентативец си замина од домашнито клуб Наполи по една сезона во 2010 за да замине во Јувентус, нешто што наиде на бесна реакција на навивачите на клубот, но години подоцна се откри дека тој морал да замине од својот роден град поради демначот кој поставувал лажни информации за него за поврзаност со мафијата, со голи фотографии, со обвинувања за педофилија.

Подоцна се откри дека демначот е полицаец кој се обидувал да помогне на семејството на Кваљарела и не ги пријавувал сите жалби на фудбалерот, пред неговиот татко конечно да се посомнева во нег.  Полицаецот Рафаеле Пиколо беше осуден на 4 години и 8 месеци затвор во 2017 година, по што Кваљарела конечно ја кажа својата приказна.

„Имав толку посебно искуство во мојата кариера и тешко ми е да зборувам за тоа, бидејќи е како да отвараш стара рана. Како што минуваше времето јас му верував на режисерот Гофредо Д’Онофрио и неговиот тим, исто како и моето семејство. Иако документарниот филм трае 90 минути, можеше да биде уште подолг“, изјавил Кваљарела на премиерата.

На премиерата беа сите соиграчи на Кваљарела од Сампдорија, како и дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, додека .-пораки пратија Антонио Конте, Џиџи Буфон, Клаудио Раниери и Андреа Пирло.

> Документарец за кошмарот со демначот на Фабио Кваљарела <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН