Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ѓоковиќ и „анти-ваксерите“ ќе може да играат на Австралија опен

Ѓоковиќ и „анти-ваксерите“ ќе може да играат на Австралија опен
Img 7972

На невакцинираните тениски ѕвезди ќе им биде дозволено да играат на Австралија опен, но ќе ги очекува двонеделен „тврд“ карантин и редовно тестирање, се открива во писмото до тенисерките од страна на ВТА.

Претходно, неколку австралиски министри изјавуваа дека тие тенисери кои нема да се вакцинираат нема да можат да влезат во земјата, меѓутоа советот на ВТА добил информација дека сите натпреварувачи ќе можат да бидат во Мелбурн во јануари.

Според информациите на Австралија опен, голем број на тенисери и тенисерки одбиваат да се вакцинираат, со бројка од дури 35 отсто тенисери од АТП турнејата.

Светскиот рекет број 1, 34-годишниот Новак Ѓоковиќ, кој има девет титули од Мелбурн, минатата недела објави дека нема да каже дали се вакцинирал и беше несигурен дали ќе патува во Австралија, каде што ќе има шанса да ја освои рекордната 21. гренд слем титула.

> Ѓоковиќ и „анти-ваксерите“ ќе може да играат на Австралија опен <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН