Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тешка сообраќајка во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Тешка сообраќајка во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете
Img 7972

Две малолетни деца се повредени по сообраќајка во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата го возело мопедот, а второто било сопатник, информираат од полицијата.

„На 24.10.2021 во 19.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Широка“ и „Смилево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(42) од Битола и мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а малолетниот сопатник на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Можете да прочитате

Триумфално завршување на Балканската турнеја на НУ Ансамбл „Танец“

Минчев и Дукај: Зајакнување на јавната администрација преку регионална соработка

Вработените од „Флораком“ и „Луна“ и утре на протест поради неисплатена августовска плата