Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Салма Хајек го убедувала Алварез да потпише за Рен

Салма Хајек го убедувала Алварез да потпише за Рен
300x250 opst2

Ѕвездата на Ајакс, Едсон Алварез вели дека славната актерка Салма Хајек го убедувала да потпише за францускиот Рен, каде што нејзиниот сопруг е газда, но тој останал во холандската престолнина.

Алварез вели дека бил поласкан што неговата мексиканска сонародничка, Хајек, која е во брак со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино од 2009 година, лобирала, но дека направил вистинска одлука.

„Беше тешко да се одбие Рен, но на крајот немав сомнежи дека сакам да останам во Ајакс. Сакам да играм во Лигата на шампиони против големи клубови, а пред оваа сезона бев стартер само шест месеци и немав доволно време да се докажам. Како позната сонародничка, таа ми се јави и се обиде да ме убеди да отидам во Франција. Тоа ме изненади и ми поласка, но и објаснив дека сакам да останам во Ајакс“, вели 23-годишниот Алварез, кој стана миленик на публиката во Амстердам оваа сезона.

> Салма Хајек го убедувала Алварез да потпише за Рен <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица