Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шилегов: Создаваме град без метеж и загадување, град со најголема пешачка зона

Шилегов: Создаваме град без метеж и загадување, град со најголема пешачка зона
300x250 opst2

Во следните четири години Скопје целосно ќе се промени драги скопјани. Скопје за четири години од денес ќе биде град без метеж со целосно нови сообраќајни решенија. Скопје ќе биде град без загадување, ако за четири години успеавме да го намалиме за 33%, за уште четири можеме прашањето да го елиминираме. За четири години од сега ќе се шетаме по 70 хектари пешачка зона во центарот со многу зеленило и слободен простор, порача градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, од собирот на граѓани во спортска салата Борис Трајковски.

„Погледнете го драги скопјани слободниот Кеј 13 ноември, тоа е визијата за Скопје која ја имам! Погледнете го паркот Ибни Пајко, тоа е јавниот простор кој сакам да го создавам. Погледнете ги новите МАН автобуси, тоа е стандардот кој сакам да го постигнам. Тоа е Скопје кое ќе продолжиме да го градиме а не згради и споменици на секој чекор! За една година од сега драги пријатели, Скопје ќе има нов ГУП, кој ќе гарантира дека никој повеќе нема да го злоупотребува Скопје за приватни цели, кој ќе гарантира хумана урбанизација надвор од центарот на градот. Скопје десет години е жртва на ГУП-от од 2012 кој го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме истите луѓе да го носат ГУП-от во 2022 бидејќи знаеме што не чека“, кажа Шилегов.

Можете да прочитате

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање