Утрински Весник
Свет

Во Србија над 6.000 новозаболени, 60 луѓе починаа

Во Србија над 6.000 новозаболени, 60 луѓе починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 6.748 нови случаи на коронавирус, починаа 60 луѓе.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, рече дека лекарите предложиле наставата да се префрли онлајн најмалку десет дена, но бидејќи тој предлог не е усвоен, не очекува епидемиолошката состојба да се стабилизира бидејќи бројот на заразени деца расте.

Властите секојдневно апелираат граѓаните да се вакцинирани бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин да се излезе од епидемијата.

Од денеска во Србија почнуваат со употреба ковид – пасошите, што треба да резултира со поголем број вакцинирани лица, а од понеделник, како што е најавено, ќе започне строга контрола на примената на пропишаните мерки.

Можете да прочитате

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина

Трамп ја поздрави можноста за средба меѓу Путин и Зеленски

Зеленски испрати писмо до Путин: Предлагам крај на војната