Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бочварски: Преку транспарентен начин носиме нов Закон за градење

Бочварски: Преку транспарентен начин носиме нов Закон за градење
Img 7972

Текстот на новиот Закон за градење е веќе изготвен и доставен до сите заинтересирани страни за што Министерството за транспорт и врски во овој период прибира предлози и идеи за негово подобрување, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој на покана на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се обрати на стручната расправа по однос на текстот за новиот предлог Закон за градење.

„Реформските процеси ги продолжуваме за да изградиме праведно општество кое ќе се темели на сигурност за сите чинители во оваа дејност, граѓани, инвеститори, интитуции. Се определивме да креираме комплетно нов Закон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и ќе го стимулира просторниот и економски развој во државата.

Со новиот предлог Закон се уредува материјата на проектирање, на издавање на акти за градење, подготвителни работи, уредување на градилиште. Дополнително, се уредува категоризацијата на градби, а го зајакнуваме и инспекцискиот надзор над градењето со тоа што општинските инспектори стануваат дел од Државниот инспекторат за урбазниам и градежништво, преку оформување на Регионални подрачни единици.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Тој во продолжение истакна дека со Предлог на Законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој, ќе се стимулира инвестирањето во градење, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките и на крајот, ќе се овозможи разрешување на наталожените проблеми што постојното се јавуваат во оваа област.

Можете да прочитате

Незгода со глисер на суво во Охрид (ФОТО)

Обиени паркомати во ГТЦ, Клиника и катна гаража

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се ќе направи за свој партиски интерес, можно е ВЛЕН да биде заменета со ДУИ по изборите