Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев-Шмид: Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог

Заев-Шмид: Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог
300x250 opst2

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ја прими Генералната секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Хелга Шмид, која денеска и утре е во посета на нашата земја.

На средбата на која присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата и регионална стабилност и безбедност.

Соговорниците се согласија дека продолжува заложбата за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и ОБСЕ, како и помошта која земјата ја добива во реализацијата на реформските процеси и во насока на продолжување на демократските процеси и остварувањето на стратешките цели на земјата, како што е полноправното членство во Европската Унија и поттикнување на европскиот развој.

На средбата се разговараше и за подготвителните процеси за идното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година, при што беше подвлечено дека тоа е признание за нашата држава.

Беше истакнато дека мултилатерализмот е одлична платформа каде малите земји можат на дело да го покажат својот капацитет и да одиграат важна улога на меѓународната сцена.

На средбата е поздравен придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која дава поддршка и помага изминативе години да се спроведат реформските процеси.

Беше најавено дека поддршката кон Северна Македонија на демократскиот пат продолжува, во насока на реафирмирање на посветеноста и поддршката за завршување на започнатите успешни реформи, важни за развојот на државата и зачувување на безбедноста и стабилноста на регионот.

Можете да прочитате

Цигарите поскапеа за 10 денари по кутија

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Малолетник од Скопје се обидел да го убие својот татко