Утрински Весник
Магазин

Aлек Болдвин застрела член на екипата среде снимање филм

Aлек Болдвин застрела член на екипата среде снимање филм

Огнено оружје истрелано од ветеранот актер Алек Болдвин, кој глуми и продуцира вестерн, ја усмрти директорката на фотографија и го рани режисерот на филмот во четвртокот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Ново Мексико.

Службеници на канцеларијата на шерифот изјавија дека Халина Хачинс, директорка на фотографија за филмот Rust („Рѓа“) и режисерот Џоел Соуза се здобиле со прострелни рани, за жал, кај Хачинс фатални.

Хачинс (42) со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била прогласена за мртва од медицинскиот персонал, соопштија властите.

Соуза (48) со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар „Кристус Винсент“, каде што се лекува од повредите.

Портпаролот на Болдвин (68) рече дека несреќата се случила за време на снимање сцена од престојниот филм и дека била предизвикана од погрешно пукање на реквизитен пиштол.

Можете да прочитате

Негодувања па овации за настапот на израелската претставничка Голан во Малме

Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евросонг

Диететичарка тврди дека едноставна навика го забрзува слабеењето