Утрински Весник
Магазин

Дебра Месинг се извини за твитoт за Ким Кардашијан: Немав намера да ја тролам

Дебра Месинг се извини за твитoт за Ким Кардашијан: Немав намера да ја тролам

Актерката Дебра Месинг се извини за твитот во кој навидум го критикува именувањето на реалити-ѕвездата Ким Кардашијан за водител на саботното шоу „Сатрдеј најт лајф“.

Додека многу корисници на Твитер ја обвинија Месинг (53) дека ја тролува 40-годишната инфлуенсерка прашувајќи зошто е избрана за водителка на популарното шоу, таа појасни дека немала таква намера.

За време на гостувањето кај Тамрон Хол, актерката објасни дека никогаш не ѝ било цел да ја трола мајката на четири деца, пред да се извини на секој што погрешно ја разбрал.

„Никогаш не сум имала таква намера. Таа е феномен. Мислам, знаете, таа е културна икона “, објасни Месинг.

Како фан на долгогодишното саботно шоу на Ен-би-си, актерката од „Вил и Грејс“ истакна дека пораснала со „Сатрдеј најт лајф“.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се откажуваат од љубовта

Експеримент со ембриони од глувци во вселената отвора нови прашања за развој на живот надвор од Земјата

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата