Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ ќе ги поскапи услугите во Сингапур

„Нетфликс“ ќе ги поскапи услугите во Сингапур

Стриминг-платформата, која навистина има пулс за тоа што луѓето сакаат да гледаат со хит сериите како „Сквид гејм“ (Squid Game) и „Бриџертон“ (Bridgerton), ги зголеми цените за сите три опции месечна претплата во Сингапур.

Овие нови цени стапија на сила на 7 октомври 2021 година, а постојните претплатници ќе бидат известени по е-пошта еден месец пред новите цени да почнат да важат за нив.

Иако зголемувањето на цената никогаш не е пријатна вест за потрошувачите, особено со оглед на тоа што ова е второ зголемување на цената на  претплата на „Нетфликс“ во Сингапур за помалку од две години, имајќи го предвид квалитетот на содржините достапни на платформата, веројатно ќе им биде тешко на корисниците да се откажат, коментираат медиумите што ја пренесоа веста.

Можете да прочитате

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026

Финансиски хороскоп за јуни: Кој ќе заработи, а кој мора да штеди

Освежителна зеленчукова салата со тестенини