Утрински Весник
Македонија

Малолетници се тепале во Жена-парк во Тетово, едниот употребил метален предмет

Малолетници се тепале во Жена-парк во Тетово, едниот употребил метален предмет

Седуммина малолетници учествувале во тепачка во Жена-парк во Тетово, во која еден од нив употребил и метален предмет.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против еден малолетник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „тешка телесна повреда“ и против шест други малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 26.07.2021 во Жена-парк во Тетово, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што првопријавениот малолетник употребил метален предмет.

Можете да прочитате

Информација, интерпретација и право на сопствен став

МВР уапси седум возачи за 24 часа

Жерновски: Три силни потврди од ЕУ, Кошта и Вајц, разобличена е секоја лага на Мицкоски-реформи нема