Утрински Весник
Македонија

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

23-годишно момче почина од коронавирус, потврдени 722 нови случаи

Во периодот од 08 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 26 пациенти биле вакцинирани, а само еден од починатите немал хронично заболување и имал 80 години, информира Министерството за здравство.

Двајца од починатите пациенти биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со вакцината на „Астра Зенека“, четири починати пациенти примиле вакцина „Синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“.

Според податоците од Министерството за здравство, најголем број од лицата кои биле вакцинирани и кои починале од коронавирус имале кардиолошки заболувања и дијабет. Останатите имале белодробно заболување, бубрежно заболување, невромускуларно заболување, хипотироидизам и малигно заболување.

Министерството за здравство информира дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

 

 

Можете да прочитате

Двајца велешани измамиле пензионер за 5000 евра

На аеродромот во Скопје уапсен француски државјанин баран со потерница

21 возач уапсен во изминатите 24 часа