Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава
300x250 opst2

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште.

Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим во земјата. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во моментов во земјава престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација.

Можете да прочитате

Денеска во Скопје дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа