Утрински Весник
Спорт

Касано: Кристијано е најдобриот во историјата? Тој не ни во првите петмина

Касано: Кристијано е најдобриот во историјата? Тој не ни во првите петмина

На крајот од наредниот месец ќе биде доделена Златната топка на Франс фудбал. Најголем фаворит е Роберт Левандовски, Французите се кренаа во лобирањата за Карим Бензема, а не мал бројот на оние кои сметаат дека освојувачот на Лигата на шампионите и Европското првенство, Жоржињо треба да ја грабне престижната награда.

Покрај Левандовски, Жоргињо и Бензема, во најтесниот круг се и неизбежните Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

На оваа тема се огласи поранешниот фудбалер Антонио Касано, кој е познат по своите жестоки коментари.

Тој му одоговри на менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш, кој рекол дека Роналдо не само што е најдобриот оваа година туку е најдобриот во историјата на фудбалот.

„Доста правите драми. Дали е Кристијано најдобриот фудбалер во историјата? Тој не е ни во најдобрите петмина. Сметам дека пред него се Меси, Пеле, Марадона, Кројф и Роналдо феноменот од Бразил кој друга димензија“, рекол Касано за „Бобо ТВ“, кој го има поранешниот италијански репрезентативец Бобо Виери на „Јутјуб“.

> Касано: Кристијано е најдобриот во историјата? Тој не ни во првите петмина <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0