Утрински Весник
Македонија

Познато како ќе изгледа составот на новиот Совет на Град Скопје

Познато како ќе изгледа составот на новиот Совет на Град Скопје

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, соопшти дека во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со 78.538 гласа има 17 советници, СДСМ со 52.431 глас има 12 советници, ДУИ со 26.338 гласа има 6 советници, Левица со 20.070 гласови има 4 советници, ЛДП и ДОМ со 9.152 гласа има 2 советници, Алијанса за Албанците и Алтернатива има 11.447 гласови и има 2 советници и Група избирачи Драгана Велковска со 9.062 гласа има 2 советници.

Во делот на градоначалници за Скопје, Петре Шилегов има 77.852 гласа и оди во втор круг со Данела Арсовска која освоила 85.657 гласови, соопшти Даштевски.

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф