Утрински Весник
Свет

Почина Колин Пауел, првиот афро-американски секретар, причина е коронавирусот

Почина Колин Пауел, првиот афро-американски секретар, причина е коронавирусот

Колин Пауел, првиот афро-американски државен секретар, почина на 84 -годишна возраст, јавуваат медиумите во светот.

Неговото лидерство, како што е истакнато помогна во обликувањето на американската надворешна политика во последните години на 20 век и на почетокот на оваа година.

Колин Пауел почина од компликации откако се зарази со Ковид-19, на 84 -годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Пауел беше професионален војник чија кариера од борбената должност во Виетнам го доведе до позицијата прв советник за национална безбедност на крајот на претседателството на Роналд Реган.

Неговата популарност скокна за време на Заливската војна, и извесно време во средината на 1990-тите, многумина мислеа дека ќе стане првиот црн претседател на Соединетите Американски Држави, пишуваат медиумите во светот.

Можете да прочитате

УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел

Од 1 октомври нови царини во САД – таргетирани лекови, камиони и мебел

Трамп издаде наредба за продажба на TikTok