Утрински Весник
Македонија

Митко Јанчев прогласи убедлива победа во Кавадарци

Митко Јанчев прогласи убедлива победа во Кавадарци

Пред насобраните симпатизери пред зградата на општина Кавадари, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанечев, вечерва прогласи победа уште во првиот круг од локалните избори.

„Граѓаните ми дадоа една многу тешка обврска, многу тешка доверба – добив 15.000 гласа наспроти неполни 5.000. Во проценти изразено 75 проценти, на 25 проценти. Од радост целата снага ми трепери, од големата, доверба“, рече Јанчев пред насобраната толпа изразувајќи задовболство што изборниот ден минал во пријатна атмосфера.

Порача дека негова обврска во новиот мандат ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да го оправдаат она што им го дале кавадарчани на овие избори.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство