Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес

Пендаровски: Секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на првиот круг од локалните избори 2021, гласаше на избирачкото место 2489, информираат од неговиот кабинет.

„Според досегашните информации, еве веќе половина од изборниот ден во првиот круг се одвива во генерално позитивна атмосфера. Јас се надевам дека до крајот на изборниот ден ќе остане така, и се разбира и по 19:00 часот, во периодот кога треба да ги пребројуваме и објавуваме резултатите од локалните избори. Меѓутоа, секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес, значи очекувам и на 31 октомври, за време на вториот круг да го задржиме интегритетот и кредибилитетот на избирачкиот процес“, изјави Пендаровски.

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија