Утрински Весник
Македонија

Обид за поткуп на гласачите во Топаана и Шуто Оризари

Обид за поткуп на гласачите во Топаана и Шуто Оризари

До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности во Јавното обвинителство стигнала пријава за обид за изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари.

„Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се насоки СВР Скопје да преземе мерки за проверка на наводите од пријавата, проверка на лицата на кои што им бил понуден поткупот и утврдување на можен сторител на кривично дело поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението.

Околу 09:35 часот, пак, во близина на влезот на гласачко место во ЈДГУ „Кочо Рацин“ на ул.„Борка Талески“ на девет возила од надворешна страна на стаклата е залепена бројка од кандидат за градоначалник.

Се преземаат мерки за утврдување на идентитет на сторителот.

 

Можете да прочитате

Високообразовна бласфемија – 24info.mk

Неколку пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање

ВЛЕН: ДУИ/НАИ се последните што можат да зборуваат за “српскиот свет”!