Утрински Весник
Спорт

Олимпиското движење загрижено за плановите на ФИФА за Мундијалот

Олимпиското движење загрижено за плановите на ФИФА за Мундијалот
Ss2

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) побара повеќе дискусија околу контроверзниот план на ФИФА за оддржување на Светското првенство секои две години наместо традиционалните четири години.

ФИФА продолжува со планот на претседателот Џани Инфатино и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој ќе биде ставен на гласање во декември пред 211 членки на организацијата и покрај тоа што УЕФА, повеќе клубови и поранешни фудбалери се побунија дека ќе се обезвредни вредоста на натпреварувањето. ИОЦ се согласува.

Ss1

„Повеќе интернационални федерации на други спортови, национални фудбалски федерации, клубови, играчи и тренери изразија голема загриженост околу плановите да се зголемат приходите на ФИФА. ИОЦ ја дели загреноста и бара од сите страни да продолжат со консултациите кои не се направени досега“, се вели во објавата на ИОЦ.

> Олимпиското движење загрижено за плановите на ФИФА за Мундијалот <

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами