Утрински Весник
Свет
Img 7972

Земјотрес на Бали, три лица го загубија животот

Земјотрес на Бали, три лица го загубија животот
Img 7972

Три лица го загубија животот, а седум се повредени во земјотрес со интензитет од 4,8 степени што го погоди индонезискиот остров Бали, пренесува АФП.

Две лица загинаа при свлечиште предизвикано од земјотрес во областа Бангли, а едно лице загина во пристанишниот град Карангасем, соопштија официјалните лица.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, североисточно од градот Банџар.

Портпаролот на Агенцијата за вонредни ситуации Абдул Мухари изјави дека земјотресот бил силно почувствуван пет секунди и дека луѓето панично излетале на улиците.

Епицентарот беше далеку од главниот туристички центар на Бали, кој полека се отвора за меѓународните посетители по блокадата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Илјадници луѓе останаа без покрив над главата

Индонезија честопати се соочува со земјотреси поради нејзината позиција на таканаречениот Огнен прстен, каде се судираат тектонски плочи што се протегаат од Јапонија, низ Југоисточна Азија и Пацифичкиот басен.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во јануари, а илјадници останаа без покрив над главата во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот Сулавеси.

Земјотрес и цунами со јачина од 7,5 степени по Рихтер, што следеа пред три години на островот Палу, усмртија или исчезнаа повеќе од 4.300 луѓе, потсетува АФП.

Можете да прочитате

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата