Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Излезете на гласање и вие разочараните, и вие што до сега сте бојкотирале

Мицкоски: Излезете на гласање и вие разочараните, и вие што до сега сте бојкотирале
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе упати повик до разочараните гласачи и тие кои досега ги бојкотирале изборите процеси да излезат и да го дадат својот глас затоа што сите граѓани во Македонија имаат заеднички противник, а тоа е Зоран Заев.

Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.

„ Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не вродува со плод.

„ Излезете на овие избори, излезете во недела на 17 октомври и поддржете не, поддржете го бројот 7, гласајте се ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција, коалицијата со народот, нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје