Утрински Весник
Свет

Путин: Талибанците тешко ќе се откажат од приходите од дрогата и покрај ветувањата

Путин: Талибанците тешко ќе се откажат од приходите од дрогата и покрај ветувањата

Талибанците порано се бореа против наркотици во Авганистан, но во денешната ситуација, ќе биде тешко да се откажат од своите извори на приход, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„ И покрај ветувањата дека ќе се борат против производството на наркотици, во реалноста талибанците не знам дали ќе успеат во тоа, било да сакаат или не. Тоа го направија успешно за време на претходното владеење во Авганистан“ рече Путин на онлајн самитот на Комонвелтот на независни држави.

Според него, во моментов ќе им биде проблематично да се откажат од тие извори на приход, особено поради економската криза во Авганистан.

„ Проблемот со производството на дрога во Авганистан и неговото криумчарење од земјата е акутен. Авганистан останува најголемиот снабдувач со опијати на глобално ниво, снабдувајќи до 90 проценти од светскиот пазар“, рече рускиот претседател.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел