Утрински Весник
Спорт

Фотографија која како да кажува: Кога ќе пораснам, ќе бидам Роналдо

Фотографија која како да кажува: Кога ќе пораснам, ќе бидам Роналдо

Кристијано Роналдо не застана ниту во периодот на интернационалната пауза, постигнувајќи хет-трик против Луксембург (со два пенали) при убедливата 5:0 победа над аутсајдерот од Португалија.

Со ова тој го продолжи неговиот светски рекорд на 115 голови во репрезентативниот дрес и стана првиот фудбалер во историјата кој постигал 10 хет-трика за својата репрезентација.

Влијанието на Роналдо во светот на фудбалот е огромно, а како се чувствувале фудбалерите на Луксембург, заедно со нивниот селектор, најдобро покажува фотографијата која стана вирална на Интернет – тој во скок, и буквално сите очи вперени во него.

> Фотографија која како да кажува: Кога ќе пораснам, ќе бидам Роналдо <

Можете да прочитате

Баер Леверкузен и Аталанта во финалето од ЛЕ

Кубарси останува во Барса до 2027 година, откупната клаузула е 500 милиони евра

Борусија ќе прифитира на „Вембли“