Утрински Весник
Спорт

Бразил го декласира Уругвај, минималец на Аргентина против Перу

Бразил го декласира Уругвај, минималец на Аргентина против Перу
300x250 (7)

Јужноамериканците го комплетираа 12.коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Бразил и Боливија ги забележаа најубедливите победи во оваа рунда.

Бразил, предводен од Рафиња, го совлада Уругвај со 4:1. Крилниот играч на Лидс јунајтед, во својот прв старт во националниот тим, постигна два гола. Серијата на голови ја отоври Нејмар во 10.минута, осум минути подоцна Рафиња зголеми на 2:0. Во вториот дел Рафиња го постигна својот втор гол, потоа Луис Суарез од слободен удар намали на 3:1, а Габриел Барбоса го постави конечниот резултат.

Ss1

Бразил ја задржа предноста од шест бода над Аргентина. „Гаучосуте“, минимално го победија Перу. Голот за победа го постигна Лаутаро Мартинез во 43.минута. Јотун во 65.минута не успеа да реализира пенал за Перу.

Чилеанците се вратија во трката за пласман на Мундијалот, со победата од 3:0 над Венецуела. Два гола во првото полувреме постигна дефанзивецот на Фиорентина, Ерик Пулгар, а третиот гол во вториот дел го постигна Бен Берертон.

Боливија го декласира Парагвај со 4:0, додека Колумбија и Еквадор одиграа без голови.

На табелата води Бразил со 31 бод, Аргентина е втора со 25, следуваат Еквадор со 17, Колумбија и Уругвај со по 16, Чиле со 13, Боливија и Парагвај имаат по 12, Перу 11, а Венецуела седум бода.



> Бразил го декласира Уругвај, минималец на Аргентина против Перу <

Ss1

Можете да прочитате

Доминација на руските тенисери: Медведев и Рубљов станаа првите четвртфиналисти на турнирот во Мадрид

Почнува полуфиналната пресметка во ЛШ со судир на титаните Баерн Минхен – Реал Мадрид

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот