Утрински Весник
Спорт

Ексдиректорот на Јуве признава: Бев пред самоубиство поради „Калчополи“

Ексдиректорот на Јуве признава: Бев пред самоубиство поради „Калчополи“
Dik 300x250 mk

Поранешниот директор на Јувентус, Лучано Моџи признава дека „размислувал за самоубиство“ по скандалот „Калчополи“ со местење на мечеви по кој „бјанконерите“ беа пратени во Серија Б првпат во историјата.

Ова тој го открива во новиот документарен филм на „Нетфликс“ за скандалот кој го потресе италијанскиот фудбал летото 2006 година, пред Италија да стане светски шампион. Со прислушување на телефоните на судиите и на управата на неколку клубови беше утврдено дека клубовите се обидуваат да ги наместат судиите на своите мечеви.

Сепак, никој во скандалот „Калчополи“ не беше обвинет за местење мечеви, а на Јувентус им беа одземени две титули од Серија А и беа исфрлени во Серија Б. Милан, Фиорентина, Лацио, Реџина и Арецо исто така загубија поени.

Тоа исто така знаеше крај на кариерата во фудбалот на Моџи, кој сега работи како писател.

„Ми беше срам да одам по улиците и размислував за многу работи, дури и за самоубиство. Како да бев на врвот на дрвото и сите од долу ме гаѓаа. Првите 10 дена беа страшни. ТВ-станици, радио-станици и весници постојано зборуваа за скандалот. Бев претставен како крадец, и се чувствував како цела куќа да ми беше срушена на мене“, вели Моџи.

> Ексдиректорот на Јуве признава: Бев пред самоубиство поради „Калчополи“ <

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс