Утрински Весник
Спорт

Косовскиот сојуз во преговори со Роберто Карлос

Косовскиот сојуз во преговори со Роберто Карлос
Dik 300x250 mk

Фудбалската репрезентација на Косово, во вторникот, ги загуби шансите за пласман на Светското првенство. Логично, цехот за неуспехот го плати селекторот. Косово е во потрага по нов шеф на стручниот штаб.

Вчера, речиси сигурен избор беше Германецот, Феликс Магат, но денес косовските медиуми, пишуваат дека блиску до клупата на Косово е Роберто Карлос.

Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, нема големо искуство како тренер. Последен пат работел во 2015 година во Индија, во Делхи Дајнамикс.

Бразилецот светска слава стекна во дресот на Реал Мадрид. За „кралскиот клуб“ одиграл 370 натпревари и постигнал 47 голови.

> Косовскиот сојуз во преговори со Роберто Карлос <

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување