Утрински Весник
Магазин

Вилијам Шетнер од „Ѕвездени патеки“ полета во вселената

Вилијам Шетнер од „Ѕвездени патеки“ полета во вселената
Img 5587

Научната фантастика речиси стана реалност – иконата на Star Trek, капетанот Кирк, навистина за првпат стигна до универзумот.

Холивудскиот актер Вилијам Шетнер беше член на екипажот на подорбитална капсула „Блу ориџин“, со што стана најстарата личност што некогаш била во вселената. Ова беше втор комерцијален лет на вселенската капсула „Њу шепард“ на компанијата „Блу ориџин“, која е во сопственост на Џеф Безос.

Ss1

90-годишниот канадски актер, кој го глумеше капетанот Џејмс Ти Кирк и долго командуваше со вселенскиот брод Ентерпрајз во култниот серијал „Sвездени патеки“, полета од пустината Тексас со уште три лица.

Во сино астронаутско одело за летање, Шетнер се качи во целосно автоматизираната капсула заедно со тројцата сопатници.

Нивното патувањето траеше околу 10 минути.

Леталото безбедно слета нешто по 10:00 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време).

Луѓето кои беа на бродот доживеаја краток период на бестежинска состојба кога се искачија на максимална надморска височина над 100 километри (60 милји). Оттаму тие можеа да го видат закривувањето на Земјата преку големите прозорци на капсулата.

„Секој во светот треба да го стори ова“, му рече канадскиот актер на Безос откако се врати на Земјата. „Беше неверојатно“.

 

Ss1

Можете да прочитате

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови