Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот Инстаграм профил, заедно со која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово и Метохија“.

„ Ми се чини дека секој човек се бори со денови, недели, месеци, понекогаш и години, додека не се распадне, додека не донесе одлука, а тешките одлуки не се носат лесно од одговорни и сериозни луѓе“ напиша Вучиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Тој додава дека кога ќе се донесе одлука, се чувствува „необичен мир“.

„ Меѓутоа, кога донесувате одлука, чувствувате необичен мир и спокојство, бидејќи знаете дека сте го направиле не најдоброто, туку единственото можно. Нашата одлука е јасна и цврста како камен, ние ќе го заштитиме и браниме својот народ на Косово и Метохија. Нема повлекување! Предавањето не е опција! “Да живее Србија”, напиша Вучиќ.

Тој исто така, рече дека за време на вчерашните разговори со Србите на Косово, на специјалниот претставник на Европската унија за преговорите помеѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, му нагласил „да ја зауздаат Приштина и ако тие не се во можност – ние ќе ги зауздаме“.

Можете да прочитате

Двајца убиени во нов американски напад врз брод во Тихиот Океан

Европејците масовно се свртуваат против Америка

Најмалку 12 луѓе загинаа при експлозија во шиитска џамија во Исламабад