Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои во моментов се во болница, има полицаец кој не бил на должност.

Маж со лак и стрела изврши напад во градот Конгсберг, југозападно од Осло. Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел и некое друго оружје.

Полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали нападот има некаква врска со тероризам.

По нападот, полициската управа им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.

Полициската управа соопшти дека станува збор за мерка на претпазливост и „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени”.

Овој напад се случува десет години по терористичкиот напад во Норвешка, кога беа убиени 77 луѓе од ултрадесничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик. Тој прво активираше автомобил-бомба во Осло, каде уби осум луѓе, по што на островот Утоја отвори оган врз присутните на годишниот летен камп што го организираше младинската организација на Лабуристичката партија, при што загинаа 69 луѓе, главно тинејџери и млади луѓе.

Можете да прочитате

Малолетничка по потекло од Црна Гора планирала да убива „неверници“ во Грац

Фицо е свесен, лекарите се надеваат на позитивна прогноза

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови