Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лоренс ќе глуми во комедијата No Hard Feelings

Џенифер Лоренс ќе глуми во комедијата No Hard Feelings
Ss2

„Сони“ ги стекна правата на нови проект со оригинален наслов No Hard Feelings („Нема лутење“) по жестока војна на наддавање, а медиумите дознаваат дека директорите на студиото полетале во Њујорк во обид да ја убедат Џенифер да ја прифати улогата.

Приказната е сместена во њујоршки Монтаук и наводно, има слични тонови со Risky Business and Bad Teacher, бурна комедија од 2011 година со Том Круз и Камерон Дијаз во главните улоги.

Ss1

Филмот ќе го режира Џин Ступницки, кој ја напиша и ко-продуцираше „Канцеларија“ (Тhe Office), која освои „Златен глобус“ за најдобра хумористична серија.

Ступницки дебитираше како режисер на долгометражен филм во 2019 со комедијата Good Boys, а сега  ќе го напише сценариото заедно со Џон Филипс.

Медиумите пренесуваат дека проектот предизвика многу врева во Холивуд, и дека стримерите како „Епл“ и „Нетфликс“ испаднаа на почетокот на наддавањето.

Ss1

Можете да прочитате

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното