Утрински Весник
Свет

Путин: Во тек е трка за вооружување меѓу Русија и Америка

Путин: Во тек е трка за вооружување меѓу Русија и Америка
Img 5587

Во тек е трка за вооружување меѓу Русија и САД, која започна откако Вашингтон се повлече од Договорот за ограничување на ракетниот одбранбен систем, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„За жал, трката за вооружување е во тек. Таа, исто така, започна по повлекувањето на САД од Договорот за ограничување на ракетниот одбранбен систем”, рече Путин, пренесуваат медиумите во светот.

Ss1

Тој нагласи дека Русија не прекршила ниту еден договор.

„Ова го направија нашите американски партнери и со цел да се ослободат од одговорноста, тие сега покажуваат со прст кон нас, додека медиумите ја дуваат приказната во интерес на оние што ги плаќаат“, рече Путин на пленарната сесија на Форумот на руската недела на енергија.

Тој, исто така, посочи дека бил изненаден од реакцијата на САД на фактот дека Русија развила хиперсонично оружје.

„Отпрвин рекоа дека не им е грижа, а сега не им се допаѓа“, рече Путин.

Тој рече дека Русија е подготвена да преговара со САД за намалување на офанзивното оружје, земајќи го предвид присуството на високотехнолошко оружје.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема