Утрински Весник
Свет

Путин повика да се забрза вакцинацијата

Путин повика да се забрза вакцинацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија треба да ја забрза кампањата за вакцинација против Kовид-19.

Русија забележа најмногу смртни случаи од оваа болест во еден ден од почетокот на пандемијата.

Обраќајќи им се на новоизбраните пратеници, Путин апелираше до нив активно да ги поддржат напорите за вакцинирање на мнозинството од населението.

„Вакцинацијата ги штити луѓето од зараза, од сериозни симптоми. Треба да го забрзаме нејзиното темпо“, рече Путин пред пратениците.

Русија брзо ја разви и почна да ја користи вакцината „Спутник В“ кога коронавирусот започна да се шири минатата година, но темпото на вакцинација во Русија е бавно.

Премиерот Михаил Мишустин претходно изјави дека околу една третина од населението е вакцинирано.

Русија денеска регистрираше 973 смртни случаи, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата, како и 28.190 нови случаи на зараза.

Можете да прочитате

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска

Над 750 американски војници ранети во операциите против Иран

Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% велат научниците