Утрински Весник
Македонија

Заев: За претседател Албанец потребно е мнозинство и од неалбанското гласачко тело

Заев: За претседател Албанец потребно е мнозинство и од неалбанското гласачко тело

Преседателот се бира на непосредни избори каде гласаат граѓаните тоа не се договара партиски тоа е невозможно, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на прашањето како ја коментира изјавата на коалициониот партнер ДУИ, односно дека Ахмети во кампања изјавил дека следно што ќе го реализира е Албанец да биде претседател на државата.

„Тој момент ќе сакам да го дочекам , да бидам жив и здрав, јас а и сите ние што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кои што најмалку 50% од Македонците, 50% од Албанците, 50% Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател“, рече Заев.

Додаде дека тоа е добра амбиција за да се алудира кон македонското гласачко тело или неалбанското гласачко тело. „За ваква амбиција на ДУИ треба и мнозинство гласање од неалбанското гласачко тело“, рече премиерот.

Можете да прочитате

На 30 март почнува судењето против Стојанче Николовски

Нов случај на измама во Тетово

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител