Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ѓорчев: СДСМ фатени како делат црни вреќи во Битола, да реагира и меѓународниот фактор

(Видео) Ѓорчев: СДСМ фатени како делат црни вреќи во Битола, да реагира и меѓународниот фактор
Dik 300x250 mk

Ве замолувам да го погледнете видеото кое што ќе го пуштиме, а на кое што главните активисти на СДСМ, секретар на Општинската организација а и двајцата се кандидати за советници на Битола, синоќа одеа во населбата Баиро и од брендирана со налепници кола на кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола Кондовски делеа црни вреќи. Сите знаеме што е работата, изјави на денешната прес конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓето кои што вадат црни вреќи во населбата Баиро во Битола од возило со налепници од кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, се Борче Корлевски, актуелен советник во Советот на општина Битола и повторно кандидат за советник во Битола. Второто лице е Жаклина Наумовска, просветен инспектор и секретар на Општинската организација на СДСМ во Битола како и кандидат за советник. Сите знаеме што прават тие во Баиро во Битола. Сите знаеме зошто делат црни вреќи. Сите знаеме дека тоа го прават и тоа се гледа од снимката, тоа го прават од кола која што е излепена, брендирана со името на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ во Битола“, посочи Ѓорчев.

Истовремено, рече Ѓорчев, фирмата на Христо Кондовски Стентон Градба добива еден куп милионски тендери од РЕК Битола која што сега пропаѓа, а сега гледаме, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дека вртат нивни возила по Баирот во Битола и тоа едноставно што може да биде ако не е изборен поткуп.

„Имате јасен избор, од една страна се тајкуните и олигарсите кои што добиваат милионски огромни државни тендери, а од друга страна е нашиот кандидат“, нагласи Ѓорчев.

Можете да прочитате

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

Итно да се укине мерката за евтаназија на кучиња со лајшманиоза

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени