Утрински Весник
Македонија

Србинка побарала помош додека била во автомобил со тетовец

Србинка побарала помош додека била во автомобил со тетовец

Полициски службеници вчера во попладневните часови ги привеле Е.М. (42) од Тетово и 26-годишна Србинка со иницијали М.Н, со престој во тетовско.

Како што информираат од МВР, околу 15.30 на магистралниот пат А2-Прогрес 98, во близина на угостителски објект, полицајците сопреле автомобил „пасат“, со тетовска регистрација, управуван од 42-годишникот, а во кој како совозач била српската државјанка, која барала помош.

По извршен разговор 26-годишната девојка, која била во видно алкохолизирана состојба, кажала дека била во љубовна врска со Е.М. и сама влегла во возилото.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Зајкова: Не сакам да бидам „Ванѓа”, но мислам дека и во нивиот КЗ застареноста ќе остане иста

Нема брза пруга, ќе има мигранти, велат од СДСМ

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини