Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Власта наликува на стар автомобил пред ремонт

Мицкоски: Власта наликува на стар автомобил пред ремонт

Власта наликува на стар автомобил пред ремонт кој ни вели дека ќе не однесе на натпревар на формула еден каде ќе победи, а не е способен да се придвижи на локална маалска трка. Уљето е растечено, моторот пред зарибување, а новата боја со која го префарбурваат и не убедуваат дека е најдобар постепено распукува и бледее, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Бутел.

Мицкоски пред присутните порача дека волкот влакното го менува но карактерот,додавајќи дека иако Заев уште пред 5 години ветил дека ќе ја донесе Европската унија во Македонија, народот точно знае дека не ја говори вистината, бидејќи како што рече тој Македонија е се подалеку од Европската унија.

„И не залудно велам насекаде, волкот влакното го менува, а карактерот не. Но новината е сега дека влакното може да го сменат сто пати, ама карактерот кој не го менуваат им го научија, им го прочитаа и го распознаваат до перфекција. И кога Заев ќе каже дека Европска Унија ќе ја донел во Македонија народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува 5 години по ред и ЕУ е се подалеку од Македонија. Одговорот зошто и во ЕУ не сакаат да седат на иста меса со Заев и врз себе да си го лепат неговиот криминал, неговите афери и скандали“, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

ДУИ: Ниту една седница на Влаадата не била водета од заменик премиер Албанец

Нова дигитална алатка „Пратеници.мк“ ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните 

За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети