Утрински Весник
Македонија

Скопјанка се обидела да ја напушти државата со фалсификувани потврди за себе и за своите деца

Скопјанка се обидела да ја напушти државата со фалсификувани потврди за себе и за своите деца

Скопјанка на Меѓународниот аеродром во Скопје прикажала лажни потврди од негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца и на таков начин се обидела да ја напушти државата, соопшти полицијата.

Поради ова, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата 38-годишна скопјанка на 3 август се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови за коронавирус за себе и за своите три деца.

Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.​​

Можете да прочитате

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Левица: За договорот со „Бехтел и Енка” ќе се плаќаат милионски кредити – наместо репрограмирање ДПМНЕ го задолжи народот

Мицкоски за блокадата на акцискиот план за малцинства: Тоа е политика што трае со децении, ќе победиме и овој пат