Утрински Весник
Македонија

Утре облачно и студено време со врнежи од дожд

Утре облачно и студено време со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со слаб североисточен правец. Минималната температура ќе биде 11, а максималната ќе достигне до 13 степени

Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Можете да прочитате

Мицкоски ја предизвика опозицијата да поднесе иницијатива за предвремени избори

„Престани да ме удираш“ – Стојановиќ сведочи за врсничко насилство на паркинг во Аеродром

Интензивно врне снег на Стража