Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 393 нови случаи на коронавирус, 20 лица починаа

87 проценти од починатите од коронавирус изминатиот месец не биле вакцинирани

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 393 нови случаи на коронавирус, 397 оздравени, а 20 лица починаа, информира Министерството за здравство. Направени се 2.974 тестирања.

Според податоците, девет починати лица од Скопје (52г,54г, 54г,69г,75г,80г ,81г,82г и 84г), по две починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)