Утрински Весник
Свет

Во Србија скоро 7.000 нови случаи на коронавирус и 51 починат

Во Србија скоро 7.000 нови случаи на коронавирус и  51 починат

Во последните 24 часа во Србија 51 лице почина од од коронавирус, а регистрирани се 6.978 нови случаи.

Тестирани се 22.978 лица. Во болница се лекуваат 6.579 пацинти со коронавирус, а на респиратор се 282 лица.

Од почетокот на епидемијата починале 8.582 лица, а регистрирани се 988.307 случаи.

Премиерката, Ана Брнабиќ, ја коментираше епидемиолошката состојба, односно одлуката да не се воведат построги мерки против коронавирусот.

Таа изјави дека е погрешно протолкувано дека не се донесени нови мерки поради економијата, која е важна, туку исклучиво затоа што Србија сега има вакцини, а вакцинацијата е единствениот одговор на епидемијата.

„Ние не го правиме ова поради економијата, туку првенствено затоа што имаме вакцини. Неразумно е да имаме исти мерки со вакцините како порано“, рече Брнабиќ.

Можете да прочитате

Уште шест лица починаа од глад во Газа, вкупно 175

ВРЕДИ: ДУИ e партија која никогаш не презеде одговорност за трагедиите на Албанците

Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел