Утрински Весник
Македонија

Кумановец приведен поради чување на диво животно

Кумановец приведен поради чување на диво животно

Службеници од Одделот за криминалистика при кумановската полиција, вчера привеле 31-годишник од овој град со иницијали С.А.

За него постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни.

По претходно добиени сознанија за незаконско чување на диво животно, полицијата презела активности, а по добиена судска наредба извршила претрес на три локации на подрачјето на Куманово.

Со 31-годишникот бил извршен службен разговор и по насока на јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава.

Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на негово целосно расчистување.

Можете да прочитате

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини, на ГП Табановце за влез се чека околу еден час

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени