Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Кралицата Елизабета вработува готвач на слатки

Кралицата Елизабета вработува готвач на слатки
300x250 opst2

95-годишната британска монархиња бара готвач за пециво, односно Demi Chef de Partie, кој ќе треба да создаде низа кулинарски задоволства за сите настани што ги одржува кралското семејство во текот на годината.

Описот на работата на веб-страницата Royal Household има дел „За вас“, во кој се наведени основните карактеристики кои мора да ги поседува идеалниот кандидат.

Во него стои: „Како што очекувавте, стандардите и вниманието кон деталите овде се исклучително високи, и секој ден е напорен , така што ќе треба да бидете амбициозен и квалификуван готвач – мајстор за пецива со искуство најмалку една или две години.“

„Можеби сте имале некое претходно искуство во кујна со пет sвездички или слично опкружување, но ваша способност и ентузијазам е ефикасно да ги испорачате сите аспекти на кујната за пецива кои ги бараме.“

Можете да прочитате

Апел за помош на младиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје кој соочува со леукемија

Судбоносни промени денес: Дневен хороскоп (01.10.2025)

Денеска се празнува Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит