Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска: Скопје ќе биде вистински вело град

Арсовска: Скопје ќе биде вистински вело град
300x250 opst2

Вело патеки што во светот ги нарекуваат автопати за велосипед ќе никнат од Бутел преку Чаир кон Центар, од Гази Баба до Центар, од Драчево преку Кисела Вода кон Центар, од Даме Груев кон Ѓорче Петров. Во Скопје не смее да има булевар без велосипедска патека и таква велосипедска мрежа мора да има и од приградските населби кон центарот на Скопје, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

Таа истакна дека велосипедистите секојдневно се соочуваат со проблеми, затоа што на таканаречените патеки, има се, освен слобода да уживаат во возењето. На средина на патеките, ддаде таа, има контејнери, сообраќајни знаци и други најразлични препреки, а во исто време актуелен е и проблемот со наоѓаање соодветно вело паркинг место.

„Ќе се обезбедат и нови паркинг места за велосипеди, заштитени од кражби и оштетувања и истите ќе бидат под 24 часовен видео-надзор. А, со цел реализација на проектот Скопје – вело град, ќе биде спроведена модернизација на системот за изнајмување велосипеди, со современа апликација за само изнајмување во рамки на Скопје. Во исто време предвидено е градот да обезбеди 1000 бесплатни електрични велосипеди што ќе бидат доделени на групи на граѓани со пониски примања и ќе биде зголемена финансиската поддршка на граѓаните за набавка на велосипеди, како и електрични тротинети“, додаде Арсовска.

Арсовска раскажа дека по истиот принцип ќе биде воспоставен систем на изнајмување на електрични тротинети во целиот град, со што ќе се подигне степеност на користење алтернативни решенија за автомобилите и ќе се намали загадувањето.

За крај посочи дека Скопје има потенцијал да биде град на велосипеди и потребно е тоа на граѓаните да им биде овозможено.

Можете да прочитате

Марјановиќ: Пациентките со рак на дојка се соочуваат со повеќе проблеми, пари за терапија има, ама треба да се менува начинот на набавка

Поднесени кривични пријави против поранешен директор на Комуналец Струмица

77-годишна скопјанка измамена за 3.000 евра, уште една измама со лажна сообраќајна несреќа