Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Тажен сум и се срамам од злоупотреба на деца

Папата Франциско: Тажен сум и се срамам од злоупотреба на деца

Папата Франциско изјави дека е тажен и се срами од неспособноста на Католичката црква да се справи со сексуалната злоупотреба на деца во Франција и дека Црквата мора да биде безбеден дом за сите.

„Би сакал да ја изразам својата тага до жртвите, тага поради траумата што ја претрпеа, но и срам, нашиот срам поради долгата неспособност на црквата да ги стави во центарот на нејзините грижи“, рече папата Франциско.

Само еден ден откако големата истрага откри дека француското свештенство злоупотребило повеќе од 200.000 деца во период од 70 години, папата ја повика Католичката црква во Франција да преземе одговорност за она што се случи, да ја направи црквата безбеден дом за сите.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија