Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Можете да прочитате

Николоски: Над седум милиони евра се инвестираат во економски развој на Струмица

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Нападот што ја потресе Македонија остана нерасветлен

Судир на три автомобили и автобус кај Белви, тројца повредени пренесени во болница