Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер од Штип кој избегал од струмичкиот затвор

Приведен дилер од Штип кој избегал од струмичкиот затвор

Полицијата денеска попладне, околу 17 часот, во скопското село Марино, уапсила 41-годишен штипјанец со иницијали Т. П, кој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна, во врска со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, 41-годишникот претходно избегал од затворот во Струмица, а за доиздржување има уште 2 години, 6 месеци и 15 дена.

Тој повторно ќе биде предаден во казнено поправната установа.

Можете да прочитате

Двајца малолетници со закана со нож ограбиле друг малолетник

Прегазен велосипедист во Скопје – 24info.mk

СДСМ: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?