Утрински Весник
Македонија

Ревакцинирани 44 проценти од полнолетните граѓани во државата

Ревакцинирани 44 проценти од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 96 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 4 октомври вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96 граѓани. 53 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти , а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини.

Можете да прочитате

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Левица: ​​​​​​​Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија, но фактите ги побиваат нивните релативизирања – квадратот расте, а секој трет стан е празен 

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција