Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Власта e исплашена, затоа што понудата на ВМРО-ДПМНЕ се нови, мотивирани и свежи кадри

Мицкоски: Власта e исплашена, затоа што  понудата на ВМРО-ДПМНЕ се нови, мотивирани и свежи кадри

Нам ни треба да создадеме нова иднина. Нова иднина која што се темели на шанси за обичниот човек. Надежта е способност да се виде светлината и покрај сите темнини. Иднина и надеж која ќе донесе промени, проекти и победи. Иднина која ќе стави крај на сите порази и неуспеси во минатите години. Иднина и надеж која ќе ја смени сликата на македонската политика, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред граѓаните на митингот во Радовиш.

Мицкоски истакна дека одбива да биде дел од политичарите со скандали и афери, но и дека власта е исплашена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нуди нови мотивирани и свежи луѓе кои влегуваат во политиката за да дадат, а не да печалат за себе.

„Одбивам да бидам дел од политичарите кои ја тонат Македонија во едноличност, афери и скандали. Време е за надеж. Надеж која ќе биде одново изградена од новата генерација на македонски политичари кои ќе работат на создавање на новата иднина. Затоа е исплашена власта. Затоа што понудата на ВМРО-ДПМНЕ се нови мотивирани и свежи луѓе. Луѓе кои влегуваат во политиката за да дадат а не да печалат од политиката за себе“, рече Мицкоски.

Додаде дека се бори за иднина во која заедно со граѓаните ќе се градат мостови и ќе се рушат ѕидови меѓу народот, иднина која ќе значи почит за земјоделците, работниците, иднина и надеж за народот.

„Јас се борам за иднина во која заедно ќе градиме мостови и ќе рушиме ѕидови меѓу народот. Да создадеме иднина која ќе роди нова надеж кај напатениот народ. Иднина и надеж која ќе ги направи општините да му служат на народот. Иднина и надеж која ќе значи почит кај земјоделецот. Иднина и надеж каде работникот ќе биде повисоко на пиедесталот од политичарот. Иднина и надеж каде слабите ќе ја имаат заштитата, а силните нема да ја злоупотребат силата. Иднина и надеж во која ќе се знае дека народот е вистинскиот газда во Македонија“, порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Кривична за директорка на средно училиште во Делчево, доставила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија

Корупцијата на власта оди до Брисел, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Муцунски на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“